Вечерва се одиграа шест натпревари од квалификациите за ЕВРО 2024. Португалија продолжува да гази, па така со голот на Бруно Фернандез во 43.минута успеа да слави на гости кај Словачка со 0:1.Ова беше нејзина петта победа во исто толку одиграни натпревари.
Исто и Шкотска има супер биланс, но во групата –А, исто пет од пет. Вечерва Шкотите со 0:3 славеа кај Кипар и тоа со головите на МекТоминеј, Портеус и МекГин.
Хрватска со 5:0 во Ријека ја победи Летонија. Лесно освоени три бода и тоа со головите на Петковиќ два, Иванушец, Крамариќ и Пашалиќ.
Луксембург со 3:1 успеа да дојде до три бода на свој терен против Исланд, а Турција дома губеше со 0:1 против Ерменија и се до 89.минута кога Јилдирим израмни за конечни 1:1.
И на крај БиХ едвај со 2:1 го победи Лихтенштајн со головите на Џеко и автоголот на Лушингер, додека гостите стрелаа преку Волгфингер.