Спалети: Елиф ми е како син, утре ќе го прегрнам, ќе има многу емоции

1011

Италија утре во Скопје ќе ги одмери силите со Македонија во квалификациски меч за пласман на ЕП 2024. „Аѕурите“ доаѓаат со нов селектор, Лучијано Спалети кој минатата сезона како предводник на Наполи го освои „скудетото“ во Серија А. Сега првпат е на чело на репрезентација.

Можам да кажам дека сум трогнат, почестен и горд што ја добив оваа улога. Претседателот на ФС ми ги обезбеди најдобрите фудбалери и навистина сум среќен што ги добив сите играчи кои јас ги посакав.

Јас сум тренер кој не сака да ги ограничува играчите. Сакам тие да ја покажат својата фантазија на теренот. Утре ќе има моменти кога ние ќе напаѓаме, но ќе има моменти и кога противникот ќе ја има топката и ќе треба да се браниме. Сакам да играме фудбал, убав фудбал, затоа што низ оваа игра треба да предизвикаме и емоции за сите кои нѐ имаат во срцето“, рече Спалети.

За македонскиот национален тим и за играчите…

Елиф Елмас за нене е како син. Секогаш сметав на него кога беше најпотребно, а тој го даваше најдоброто од себе. Утре ќе има многу чувства кога ќе го прегрнам. И двајцата ќе сакаме да победиме. Тој е многу добар играч, но и оние кои сега ќе му бидат од другата страна се исклучителни играчи“, додаде италијанскиот стратег.

За оној меч во Палермо…
Многу пати го гледав мечот во Палермо. Можам дури и да го раскажам. И заедно со моите асистенти го гледавме многу пати. Од тој меч успеавме да извлечеме многу работи за да ја градиме стратегијата за утрешниот натпревар“, е коментарот на екс-тренерот на Наполи.
ПретходноИмобиле: Теренот е со дупки, ќе биде многу тешко да се игра
СледноИталијанците се прошетаа на Арената “Тодор Проески“… на Спалети теренот му е добар! (ФОТО)