Одлична маестрална игра на Србија во полуфиналето на СП против Каната и триумф со 95:86.
Па така со оваа победа момците на Светислав Пешиќ се пласираа во финалето на Мундијалот каде ќе игра против подобриот од второто полуфинале меѓу САД и Германија.
Во текот на целиот меч кошаркарите на Србија беа во водство, уште во првата четвртина покажаа дека имаат и тоа како намера да победат во ова полуфинале и на крајот така и беше.
Се разбира дека ова е фантастичен успех за селекцијата на Србија која на овој Мундијал дојде без Јокиќ, Мициќ, Недовиќ, Калиниќ и уште неколку ѕвезди. Сепак Богдан Богдановиќ покажа дека е лидер на оваа селекција, беше маестрален и заедно со своите другари во недела ќе се бори за златото.
Па, кој ова можеше да претпостави и очекува.