Трајковски за „Тутоспорт“: Ќе бидам среќен и ако некој од соиграчите постигне гол за нова победа над Италија

195

Човекот кој ја реши Италија во Палермо, Александар Трајковски, е во фокусот и на италијанските медиуми во пресрет на утрешната пресметка на овие две селекции во Скопје на меч од квалификациите за ЕП 2024.

Во изјава за весникот „Тутоспорт“, Трајковски зборуваше за очекувањата од саботниот дуел со „аѕурите“.

„Во вторникот наполнив 31 година и би сакал да славам со гол, но исто толку би се радувал и со три бода. Ако некој од моите соиграчи постигне гол и ние продолжиме да победуваме, јас би бил подеднакво среќен“.

За претходната пресметка меѓу Италија и Македонија во Палермо, Трајковски вели:

„Бев исцрпен и ако одевме во продолженија, веројатно селекторот ќе ме сменеше. Така, се обидов со шутот од далечина и постигнав гол. Победа со гол во последната минута, беше како филм. За нас тоа беше апсолутно неверојатна победа, една од оние легендарни кои ќе се раскажуваат од генерација на генерација. Никој не веруваше дека можеме да ја победиме Италија, но го направивме тоа“.

ПретходноВладо Милев реален: Мечот со Италија ќе биде круна на нашите кариери
СледноСабаленка не дозволи американско финале на УС Опен