Очекувано сценарио во „Автокоманда“. Алкалоид ја оправда фаворитската улога против Скопје на стартот на новата сезона. Македонскиот вицепрвак без проблем дојде до убедлива победа, славеше со 40-21.
Избраниците на Кирил Лазаров оваа средба ја решија уште во првото полувреме по кое имаа водство од 23-11. Алкалоид отвори со 5-1, гостите се вратија на минус два (6-4 и 7-5), но потоа повторно го загубија чекорот. Ова беше доволна причина за да ракометарите на домашниот тим поведат со 20-9, па 22-10.
По одморот беше само чиста рутина, Алкалоид без проблем го приведе мечот во својата корист.
Бинго со шест гола беше прв стрелец, по пет запишаа Младеновиќ, Серафимов, Кофиловски, Петковски и Савревски. На другата страна Киселовски имаше шест гола.