“Фуријата“ ја декласира Грузија со “седумка“, Јамал со 16 години и 57 дена е најмладиот стрелец во историјата на Шпанија!(ВИДЕО)

168

Фантастичен настап на Шпанија вечерва во Тбилиси. Грузија – Шпанија 1:7, неверојатен исход ако се знае дека за домашните настапија и Кварацкелија и останатите грузиси ѕвезди. Но бадијала, Шпанија предводена од Мората кој постигна хет-трик, просто како торнадо ја одвеа домашната селекција. Ова е највисок пораз на Грузија во нејзината историја, а веднаш да кажеме дека Ламине Јамал не само што стана најмлад дебитант кај Шпанија со 16 години и 57 дена туку и стана и најмлад дебитант. Новото чудо на Барса своето деби го зачини и со убав гол.

Голови постигнаа за Шпанија и Олмо, Вилијамс и автогол на Кеврекила, додека гол за домашните постигна Чакветатдзе.

Ова беше меч од групата –А во квалификациите за ЕВРО 2024. Сега “Фуријата“ има 6 бода од три меча, Шкотска и натаму е прва со максимални 12 бода од четири средби.

ПретходноГолема победа на Македонија У21 во Шведска – Николов погоди за стартни три бода (ВИДЕО)
СледноУбедлив старт на Алкалоид: Македонскиот вицепрвак го демолира Скопје