Шведска е освоена, одиме на Холандија (ФОТО)

786

Македонската репрезентација до 21. година вечерва во првиот меч од новите квалификации успеа да слави на гостински терен против Шведска во Јончепинг со минимални но заслужени 0:1.

Стрелец на единствениот гол, Иван Николов уште на стартот на мечот, а потоа фајтерски издржавме до стотата минута од мечот. А по последниот свиреж на судијата големо славје заедно со навивачите кои дојдоа да ја бодрат нашата репрезентација и секако фотографија за спомен.

Шведска е освоена, одиме на Холандија велат нашите млади фудбалери кои ги чека дуел во Скопје против „Лалињата“ на 12 септември.

 

ПретходноНиколов: Наша „Лавовска“ победа, Македонија заслужува да се радува на вакви триумфи
СледноРоманија и Франција се први четвртфиналисти на Евроволеј 2023