Македонската репрезетација до 21. година денеска од 18:00 часот во Јончепинг ги стартува новите квалификации против домаќинот Шведска.
Ние имаме задача да останеме непоразени и минимум со бод да се вратиме од ова ни малку лесно гостување, за да потоа излеземе на мегдан против Холандија три дена подоцна во Скопје.
Нашиот селектор Драган Канатларовски за овој меч се одлучи на терен да ги испрати следните единаесет за кои и ние веруваме дека се најдобрите што во моментов ги има на располагање.
На голот ќе биде Алчевски, во тројката дефанзивци ќе бидат Деспотовски, Стојчевски и Рамадани, а по крилните позиции Максимов односно Фета. Во средниот ред последен играч за врска ќе биде Хамза Рамани, а пред него Иван Николов, и офанзивниот Лука Станковски. Во самиот напад, Берат Калкан и Марио Илиевски.