Ново финале и нова шанса за најдобриот во историјата на тенисот да дојде до својата 24-та Гренслем титула. Се разбира дека тука мислиме на Новак Ѓоковиќ кој после триумфот во четвртфиналето против Тејлор Фриц, вечерва на менито имаше уште еден Американец, и тоа Бен Шелтон кого просто го уништи победувајќи го со 3:0 во сетови за пласман во големото финале, каде го чека подобриот од дуелот меѓу Алкараз и Медведев.
Новак одигра одлично, првиот сет го доби со 6:3 во гемови. Таквата игра ја презентираше и во вториот сет кога го доби со 6:2. Шелтон покажа заби дури во третиот сет, но сепак и него Новак го доби со во тајбрејк со 7:4.
Ова полуфинале траеше 2 часа и 42 и минути.