Германската кошаркарска репрезентација ја совлада фаворизираната селекција на САД во полуфиналето на Мундобаскетот и така обезбеди финале во кое ќе игра против Србија. Конечниот исход е 113:111 за Германците.
Од самиот старт Германците играа храбро и одлуно, а Американците во текот на целата прва четвртина бркаше негатива. Германците во еден момент во првата четвртина имаа предност од 25-15, на одмор се отиде со минимална предност на Германија од 33:31.
Во втората четвртина САД заиграа подобро успеаја да го свртат резултатот, меѓутоа никако не се одлепија резултатски.
На полувреме САД имаа предност од 60:59. Следуваше четвртина на фантастична игра на Германците и во текот на целата оваа делница имаа предност. Последната четвртина донесе многу нервоза. Германците имаа проблеми во нападот, Американците ја топеа предноста. Сепак серијата на Германија од 5:0 во последната минута беше доволна да се извојува победа од 113:111.
Германија и Србија ќе играат финале на Мундобаскетот на 10 септември, во градот Пасај.