И покрај сите напори, факт е дека теренот на Националната Арена “Тодор Проески“ е во лоша состојба. Токму и затоа двете селекции, пред утрешниот дуел, беа „замолени“ да не тренираат вечерва. Италијанците како големои спортсмени ја прифатија таа молба и затоа само си се прошетаа на Арената и не го криеја своето чудење од тоа како тој изгледа. На пресот тоа го кажа и капитенот Чиро Имобиле, кој рече дека теренот е полн со дупки.
За разлика од него селекторот Лучиано Спалети истакна за него теренорт е добар:
“Јас не дојдов овде во Скопје да гледам тоа што не чини, фокусот ми е само за натпреварот“ посочи селекторот на Италија!