Поради болки во мускулот Федерико Киеза е под знак прашалник за утрешниот меч против Македонија, јавуваат медиумите во Италија.
„Азурите“ се веќе во Скопје, и нема да имаат тренинг на Арената, туку само ќе го разгледаат објектот.
Токму затоа и не може до пред почетокот на дуелот утре од 20:45 да се знае дали воопшто Киеза ќе биде во комбинација.
Освен Киеза, и Пелегрини на последните тренинзи работеше одвоено.