Сабаленка не дозволи американско финале на УС Опен

232

Втората и шестата носителка, Белорусинката Арина Сабаленка и Американката Коко Гауф ќе се борат за титулата на УС Опен, откако синоќа славеа во полуфиналните пресметки со Медисон Кис и Каролина Мучова.

Во првото полуфинале Гауф ја совлада чешката тенисерка со 6-4, 7-5, а потоа Сабаленка спречи американско финале совладувајќи ја Кис со 0-6, 7-6 (1), 7-6 (10-5).

Третото по ред полуфинале во Флешинг Медоус се покажа како среќно за Белорусинката. Откако Лејла Фернандез ја победи во три сета во 2021 година, а Ига Швјонтек го повтори истото една година подоцна , Арина Сабаленка успеа да ја прекине таа низа против Медисон Кис.

Овогодинешната победничка на Австралија опен по вторпат во кариерата ќе се бори за трофејот на Грен слем турнирите и ќе има можност да го зачини своето искачување до светскиот трон со титула на УС Опен.

ПретходноТрајковски за „Тутоспорт“: Ќе бидам среќен и ако некој од соиграчите постигне гол за нова победа над Италија
СледноМеси со 65-ти гол од слободен удар и донесе нова победа на Аргентина (ВИДЕО)