Секако пласманот во големото финале за Србија и за селекторот Светислав Пешиќ е супер успех. Тој не го криеше своето задоволство по триумфот над Канада и пласманот во финалето на Мундијалот.
На пресот беше прашан и за Никола Јокиќ, кој да потсетиме дека го откажа својот настап за Србија пред стартот на подготовките.
Пешиќ како голем спортсмен сепак го “заштити“ најдобриот кошаркар во светот:
“Видете, Никола Јокиќ во моментов е најдобар кошаркар во севтот. И покрај неговото отсуство тој секогаш ќе биде дел од овој тим. Сепак, ајде да не говориме на таа тема, сега е време да се говори за овој тим, за овие момци што се тука кои направија фантастичен успех“ одговори Пешиќ.