Џиотели одсега ќе ја облекува репрезентацијата на Македонија

1964

 

На официјална прес конференција на Фудбалската Федерација на Македонија, беше објавено дека модниот бренд Џиотели ќе биде официјален спонзор на нашата најдобра фудбалска репрезентација. По тој повод претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини заедно со првиот човек на компанијата Џиотели ја објавија оваа соработка.

Сејдини: Добиваме партнер со преку дваесет годишно искуство

„Задоволство што го претставувам, Џиотели како еден од најдобрите брендови во Турција. Со задоволство го претставувам како бренд кој постои повеќе од 20 години.

Нашата федерација добива партнер со кој сигурни сме дека ќе одиме во нови победи и успеси. Со задоволство на претставникот на компанијата Џиотели Сулејман Каја, ќе му подарам дрес потпишан од македонските репрезентативци“ – изјави Сејдини

Сулејман Каја: Во Македонија се чувствувам како дома

Од друга страна првиот човек на компанијата Џиотели искрено и од срце рече дека Македонија ја чувствува како своја земја, и секогаш со задоволство остварува соработка од секаков вид тука.

„Почитувана јавност и почитуван претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, со задоволство ја објавувам соработката со Федерцијата. Тука сум како дома, во Македонија и многу ми е драго што можам да го објавам спонзорството на националниот тим на Македонија. Во одлуката да ја оствариме оваа соработка имаше мојот син, кој ми рече „тато подготви се за натпреварите на Македонија“ – изјави Каја

 

 

ПретходноСветислав Пешиќ: Никола Јокиќ? Сега не е време да се говори за него!
СледноЛина поразена во четвртфиналето во Виена!