Летонски кошаркар го собори рекордот на СП по асистенции на еден меч

172

Летонија ја совлада Литванија и го освои петтото место на Мундобаскетот, а летонскиот кошаркар Артурс Загарс имаше фантастичен меч не поради бројот на поени туку поради бројот на асистенции соборувајќи го рекордот на шампионатите.

Загарс на мечот со Литванија имаше дури 17 асистенции. Тоа се најмногу асистенции на еден меч од Мундобаскетот подобрувајќи го претходните рекорди на Тони Кукоч од 1994 година и на Карлик Џонс од Домениканска република оваа година кои имаа по 15 асистенции на натпревар.

Инаку Загарс, кој интересно е слободен кошаркар во моментов затоа што нема клуб, имаше скромни четири поени на натпреварот.

ПретходноКвалификации за ЕП 2024: Белгија со минимална победа во Баку
СледноВиљареал го одбра новиот тренер, но не е Раул