Елиф Елмас, нашиот Дијамант и тоа како имаше мотив против Италија. Не само дека игра таму во Наполи, туку и дека игра против Спалети, досегашниот негов тренер.
По средбата Елмас изјави:
“Јасно е дека игравме на ужасен терен и јас сакам да им се извинам на италијанските фудбалери. И нам не ни беше лесно да се игра на ваков терен. Секако дека сум среќен за овој бод. Се виде дека оваа Италија под Спалети игра различно. Искрено знаев дека тој систем на Спалети тешко дека ќе може да се применина ваков терен. Одигравме натпревар за почит. На гостувањето на Малта мора да ги освоиме трите бода“ посочи нашиот Дијамант.