Погон Шчечин ќе биде новиот клуб на Дарко Велковски

1211

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски кариерата ќе ја продолжи во Полска. Според информациите на „СпортСпорт“, нов клуб на нашиот репрезентативен стопер ќе биде послкиот прволигаш Погон Шчечин.

Последен клуб на Велковски беше Ал Етифак во Саудиска Арабија од каде поради раскин на договорот си замина пред скоро еден месец. Тој во Скопје тренираше со екипата на Работнички, но следнава недела се очекува да биде комплетиран трансферот во Погон.

Екипата на Погон Шчечин оваа сезона во полската Екстракласа по почна со само две победи на шест одиграни средби.

ПретходноХојбјерг го реши скандинавското дерби, Црногорците со 10 фудбалери ја победија Бугарија (ВИДЕО)
СледноПрилеп направи изненадување победувајќи го Бутел