Прилеп направи изненадување победувајќи го Бутел

95

Ракометарите на Прилеп приредија изненадување на стартот на новата сезона во Суперлигата, откако вечерва на домашен терен минимално го поразија Бутел со 28:27.

Избраниците на тренерот Божидар Мојсов успеаја да се вратат од резултатска негатива во последните неколку минути од мечот и на крајот да се изборат за победа.

Одлуката падна со голот на Рајатоски, по што Бутел не успеа да го искористи последниот напад за израмнување.

ПретходноПогон Шчечин ќе биде новиот клуб на Дарко Велковски
СледноСрбија ја совлада Чешка за четвртфинале на Евроволеј 2023