Тиквеш со победа на стартот, во Кавадарци падна Е. Пелистер 2!

340

 

Во меч од 1.коло во групата –А, вечерва во Кавадарци домашниот тим на Тиквеш успеа да го победи Е. Пелистер 2 со  28:26 и со тоа ги израдуваа своите фанови во салата “Јасмин“.

Иако гостите од Битола се обидуваа да дојдат до што подобар резултат, сепак во текот на целиот меч кавадарчани беа тие кои ги контролираа настаните на паркетот. Тоа беше доволно на крај и да победат,иако резултатот покажува дека забележале “тесна“ победа. На пауза се замина со резултат 14:10.

Во вторриот дел гостите дојдоа до 24:23 па и до 27:26, но сепак на крајот Тиквеш успеа да дојде до триумф.

ПретходноГерманскиот сојуз веќе преговара со Нагелсман!
СледноХојбјерг го реши скандинавското дерби, Црногорците со 10 фудбалери ја победија Бугарија (ВИДЕО)