Хојбјерг го реши скандинавското дерби, Црногорците со 10 фудбалери ја победија Бугарија (ВИДЕО)

284

Со голот на Пјер Емил-Хојбјерг селекцијата на Данска го доби скандинавското дерби на гостински терен против Финска и успеа да ја преземе челната позиција на табелата во групата. На дуелот доигран денеска во Хелсинки, одлуката за победникот падна во 86. минута, кога Хојбјерг успеа да го матира домашниот голман Храдецки за големи три бода за Данците.

 

Вистинска „лудница“ денеска во Подгорица. Таму Црна Гора во 96. минута успеа да слави против Бугарија со 2:1 и тоа во меч во кој гостите промашија пенал, а имаа и играч повеќе до крајот на средбата. Црна Гора поведе во дополнителното време за игра во првиот дел со голот на Савиќ, па Бугарија во вториот дел доби пенал кој Десподов го промаши. Сепак, со играч повеќе по исклучувањето на Вујачиќ, Боруков во 79. минута успеа да израмни на 1:1. Со 10 фудбалери на теренот, Црна Гора во 96. минута дојде до гол за победа. Стеван Јоветиќ беше прецизен и им донесе три бода на домашните.

 

Селекцијата на Молдавија денеска славеше на гости кај Фарските острови со 1:0.

Фудбал, Квалификации за ЕП 2024

Денес:

ГРУПА Б

Грција – Гибралтар

Р. Ирска – Холандија

ГРУПА Е

Фарски О. – Молдавија   0:1

Албанија – Полска

ГРУПА Г

Црна Гора – Бугарија   2:1

Литванија – Србија

ГРУПА Х

Казахстан – С. Ирска   1:0

Финска – Данска  0:1

Сан Марино – Словенија

ПретходноТиквеш со победа на стартот, во Кавадарци падна Е. Пелистер 2!
СледноПогон Шчечин ќе биде новиот клуб на Дарко Велковски