Македонската фудбалска репрезентација вечерва на дуелот против Италија на Националната Арена “Тодор Проески” имаше поддршка од 28.000 фанови на трибините.
Меѓу навивачите, не во ВИП ложата беше и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој заедно со Масар Омерагиќ и Владимир Нелоски ги бодреа фудбалерите.
Македонија одигра 1-1 против Италија благодарение на голот на Енис Барди.