Авионот на Хрватска не носи на Малта

985

Македонската репрезентација во моментов лета за Малта каде што во вторник го играме следниот квалификациски дуел. Нашиот национален тим оди мотивиран на ова гостување по синоќешното реми против Италија на Арената.

Сега одиме на дуел каде што сме фаворити, победата е императив, но потребна е и среќа секако. А истата можеби ни ја носи авионот со кој летаме за Малта. „Croatia airlines“ е компанијата со која што ФФМ го организира ова патување, односно со истиот оној авион со кој репрезентацијата на Хрватска, популарните „Ватрени“ утринава заминала за Ерменија.

Нека овој таличен авион за Хрватска, биде наш талисман за нови три бода во овие квалификации и комплетна промена на ситуацијата во оваа кампања.

 

ПретходноДонарума: Еиии гол….. види ја бе влезе…..(ФОТО+ВИДЕО)
СледноМу се оствари сонот на Столе, го запозна Џиџи и зема негов автограм (ВИДЕО)