Македонија синоќа во Скопје, на полната Арена пред повеќе од 28.000 гледачи уште еднаш покжа дека знае да игра добар фудбал. Ремито со Италија од 1:1 е доказ за тоа, само да не заборавиме, Италија е актуелен европски првак.
Тоа реми, тој супер гол на Барди силно одекна како на Балканот така и во Европа и светот.
Па убаво ќе биде да видиме како медиумите на овие простори коментираа за ремито во Скопје.
Хрватски “Индекс“ излезе со наслов:
“Македонците со голчиште од слободен удар и земаа бод на Италија“. Овој портал се осврна и на извинувањето на Елмас за лошиот терен.
“Спортске Новости“ напишаа:
“Во Скопје се слави голем бод, со хируршки прецизен шут од слободен удар, херојот Барди и ја украде победата на Италија“.
И медиумите во БиХ посветија големо внимание на тие 1:1 од Скопје.
Читаниот “СпортСпорт.ба“ извести:
“Македонија ја остави Италија без СП, а би можела и да ја остави и без ЕП“…освнувајќи се на перфектниот гол на Барди.
Се чини дека српскиот “Моцартспорт“ излезе со најдобар наслов: „Македонците повторно ги малтретираа Италијанците“…симпатично.
За разлика од нив “СпортКлуб“ беше крајно некоректен кога нашите фудбалери постојано ги нарекуваше Северно Македонци, па ова, па она. Затоа имаше и многу реакции од Македонија, дури се бара и петиција овој спортски канал веќе да не се пренесува во Македонија.
И бугарските медиуми дадоа голем простор на одличната игра на Македонија и ремито со Италија.
Популарниот портал “Дспорт.бг“ излезе со убав наслов:
“Нов македонски кошмар ја потресе Италија“
Секако дека и во светските медиуми една од главните вести вчера во за квалификациите за ЕВРО 2024 беше ремито во Скопје со нагласок на супер голот на Барди.