Остана само уште една дилема кога станува збор за Светското првенство, а тоа е кој ќе биде новиот владател на тронот. Во финалето силите ќе ги одмерат две европски репрезентации, Германија и Србија, дуелот е закажан со почеток во 14:40 часот во Манила.
Во центарот на вниманието се двете ѕвезди, Денис Шрудер и Богдан Богдановиќ. Двајца кошаркари кои оставија траги во Атланта Хокс, сега се на мал чекор да го искачат кошаркарскиот Монт Еверест.
Шрудер се врати во препознатливата форма во полуфиналето откако имаше кошмарна партија во четвртфиналето и имаше 22 промашувања. Против САД не само што поентираше, сите негови потези беа направени во истинско време.
Богдановиќ пак е неверојатен во текот на целото првенство. Иако со Денис не играат на иста позиција, сепак ќе имаат слични улоги, да ги направат вистинските одлуки на теренот и да го трасираат патот на својата селекција кон тронот.
Покрај нив двајца во составите на двете репрезентации има играчи кои можат да одговорат на ваков предизвик. Во овој поглед во предност е Србија, доколку Шрудер биде добро затворен, а Светислав Пешиќ подготви одбрана како против Канда, во тој случај Германците ќе се мачат многу повеќе. Поените против САД кои ги дадоа не значат ништо, Србија успеа да ја затвори Канада, па сега експертите не гледаат причина зошто тоа да не го сторат и во финалето. Очекувањата се дека „орлите“ нема да им дозволат на Германците поени од втора шанса, Милутинов и неговите соиграчи многу добро знаат да го контролираат овој дел. Па токму затоа е многу тешко да се предивиди било какво сценарио.
Србија и Германија само еднаш играле во СП, и тоа во 2010 година кога Тепиќ не успеа да донесе радост, неговата селекција беше совладана со 82-81.
Двете селекции се имаат сретнато на Европските првенства, имаат две средби и на двете средби славеле Србите.