Македонија синоќа во рамките од Европските квалификации на домашен терен одигра фајтерски 1:1 против Италија. Стрелец за нашиот национален тим беше капитенот Енис Барди кој фантастично погоди од слободен удар.
Сите знаеме каков мајстор е Барди. Особено од вакви позиции полулево. Триесетина илјади присутни на Арената синоќа уште при подготовката на ударот почувствуваа дека истиот ќе биде успешен. Илјадници видеа, клипови, телефоните подготвени. И тогаш „БОМБА“. Маестрален потег.
Стомилионскиот Донарума немоќен. Премногу самоуверен. Лошо поставен. Не го чуваше својот агол. Премногу стоеше по средина на голот. Нема шанси Барди да погоди. Чекаше удар на неговата десна, голманска страна, онаму каде што бранеше „живиот зид“. Епа штом е така, штом потценуваш, повели Донарума еден евро гол, и следниот пат кога ќе играш против Македонија, пак очекувај нешто слично. А фотографијава слободно ќе ти ја пратиме за домашна архива. За да запамтиш како помина на Арената во Скопје