Германците не видоа како кошаркарите стигнаа до финалето на СП!

817

Денеска и официјално ќе биде спуштена завестата на Светското првенство. Во Манила во битката за трофејот силите ќе ги одмерат Германија и Србија, дуелот е закажан со почеток во 14:40 часот.

Од Мундобаскетот доаѓа интересна информација. Германците за малку ќе останаа без директен пренос на овој меч. Тамошната Национална Телевизија не ги откупила правата за директен пренос, па голем дел од Германците, оние кои се вљубеници во кошарката ги пропуштија сите натпревари.

На крајот интервенираше Инго Вајс, претседател на Германскиот кошаркарски сојуз.

„Ме лути тоа што никој не ги откупил ТВ правата. Не доаѓајте кај мене со расправии за рејтингот. Јавните служби имаат задача и се надевам дека нешто ќе се промени“, рече тој.

На крајот ЗДФ го реши проблемот и ги откупи правата за пренос на финалниот натпревар, па се заврши среќно за Германците.

ПретходноИмобиле: Теренот беше страшен! Еден директен удар промени се!
СледноМиленковски: Имавме привилегија да играме против најдобрите репрезентации, тука треба да го најдеме задоволството!