Ерменец кој ќе дебитира на сениорски репрезентативен меч ќе ни суди против Малта

167

28-годишниот ерменски судија Хенрик Налбандиан ќе ја дели правдата на мечот меѓу Малта и Македонија закажан за во вторник во Ла Валета од 20:45.

УЕФА денеска ги одреди судиите за мечот во Малта, а први асистенти на Налбандиан ќе му бидат неговите сонардници Газарјан и Гдијан.

Во ВАР собата ќе работат судии од Хрватска предводени од Фран Јовиќ.

Интересно е што за младиот Налбандиан ова ќе биде прва голема арбитража. Тој досега нема судено на ниту еден официјален репрезентативен меч во сениорска конкуренција, но затоа има неколку арбитражи на мечеви во европските купови во квалификациските кола.

ПретходноЛегендарниот Мо Фара ја истрча последната трка во кариерата
СледноРубиалес потвди дека поднесува оставка и заминува од Шпанската фудбалска федерација