Италија не успеа да замине со целиот плен од Скопје. Македонија повторно се покажа како тврд противник за „аѕурите“, со мајсторијата на Енис Барди од слободен удар се избори за реми (1-1).
Капитенот на италијанската репрезентација, Чиро Имобиле, стрелецот на единствениот гол на неговиот тим на овој меч исто како и неговиот селектор, Лучијано Спалети, како еден од главните проблеми го посочи теренот на Националната Арена „Тодор Проески“, како и неискористените шансо.
„Треба да бидеме обединети токму сега. Создадовме неколку шанси и игравме добро и покрај страшниот терен. Не велам дека лошиот терен треба да биде алиби. Имавме водство требаше само да го затвориме мечот. Срамота е. Тој слободен удар промени се. Примивме гол од директен шут. Сега мора во вторник да сме подобри и да извојуваме победа“, рече Имобиле.