Репрезентацијата на Канада ги освои бронзените медали на Мундобаскетот по победата над соседот САД во малото финале со 127:118. Канаѓаните одиграа одлична партија, посебно блескаше Дилан Брукс во првото полувреме кој реализираше дури 21 поен и две асистенции. На полувреме Канаѓаните имаа предност од 58:56.
Во третата четвртина Канаѓаните беа доминантни и ја добија со 33:26 и со тоа ја зголемија предноста (91:82) пред завршниот дел од мечот. Но Американците буквално во последните секунди со тројка го изедначија резултатот на 111:111 па изборија продолжение.
MISSING ON PURPOSE AND SENDING IT OVERTIME!
MIKAL TO THE RESCUE #FIBAWC pic.twitter.com/8y5fMqkvSA
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) September 10, 2023
A таму Канаѓаните беа брутални (16:7) и на крајот го добија и натпреварот 127:118.
Кај Канаѓаните Брукс броеше до 39 поени, имаше и 4 скокови и 5 асистенции. Гилгеус-Александер постигна 31 поен. Кај Американците најефикасен беше Антони Едвардс со 24 поени, 5 скока и 3 асистенции.
Shai, oh my lord. 😳#FIBAWC pic.twitter.com/E7yYfpiDlp
— FIBA Basketball World Cup 2023 🏆 (@FIBAWC) September 10, 2023