Коко Гоф го освои УС Опен: Едвај чекам да видам што ќе напишат „твитерџиите“!

410

Американската тенисерка Коко Гоф ја освои титулата на УС Опен, откако ја совлада белоруската тенисерка Арина Сабаленко со 2:6, 6:3, 6:2.

Гоф на тој начин ја постигна 12-та последователна победа и го освои својот прв Грен слем турнир во кариерата. Натпреварот траеше два часа и шест минути.

Гоф стана четвртата Американка која како тинејџерка триумфирала на САД опен по Серена Вилијамс, Трејси Остин и Крис Еверт. Со оваа победа таа се искачи две позиции и од понеделник ќе биде трета тенисерка во светот.

„За мене се пишуваше дека се дига голема врева без причина. Ги читав тие коментари. Луѓето мислат дека не читам, но јас многу добро знам што се пишува за тенисот на Твитер. Ги знам сите профили, знам кој каква глупост пишува и едвај чекам да видам сега што ќе напишат“, изјави Коко.

Сабаленка остана на една грен слем титула, која ја освои на почетокот на годината на Австралија опен, а од понеделник го презема првото место на ВТА листата, откако во осминафиналето испадна Ига Швонтек.

ПретходноГерманија или Србија, кој ќе се искачи на кошаркарскиот Монт Еверест?
СледноБалканска лудорија – Му врачија отказ и му порачаа: Не ти посакуваме најдобро…