Митровиќ со хет-трик, Асани со евро-гол им донесоа големи победи на Србија и Албанија (ВИДЕО)

1114

Фудбалската селекција на Србија ја оствари третата победа во квалификациите за ЕП, откако денеска на гостувањето во Литванија славеше со 1:3. Сите три гола за српскиот национален тим ги постигна Александар Митровиќ. Првиот гол Митровиќ го постигна во 21. минута, а потоа дојдоа и оние во 32. и 43. минута. Иако Литванија до полувреме успеа да намали, во вториот дел не најде начин да им парира на гостите.

 

Во групата Е голема победа славеше Албанија против Полска во Тирана. Албанците победиа со 2:0, а головите ги постигнаа Асани во 37. минута и Даку во 62. минута. Особено впечатлив беше голот на Асани со кој поранешниот фудбалер на Вардар ги доведе домашните во водство во првиот дел. Албанија е лидер во групата со 10 бода од пет меча, пред Чешка која има 8 бодови и меч помалку.

 

Холандија извојува вредна победа на тешкото гостување во Даблин кај Р. Ирска со 1:2. Иако домашните поведоа во третата минута преку Ајдахо од пенал, пресвртот за избраниците на Роналд Куман го направија Гакпо од пенал во 19. минута и Вегхорст во 56. минута.

Квалификации за ЕП 2024

Денеска:

ГРУПА Б

Грција – Гибралтар  5:0

Р. Ирска – Холандија   1:2

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Е

Фарски О. – Молдавија  0:1

Албанија – Полска  2:0

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Г

Црна Гора – Бугарија  2:1

Литванија – Србија  1:3

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Х

Казахстан – С. Ирска   1:0

Финска – Данска  0:1

Сан Марино – Словенија   0:4

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноРубиалес потвди дека поднесува оставка и заминува од Шпанската фудбалска федерација
СледноКапитенот на Србија кон судиите: “Да ти е*ам мајката….“!