По случувањата со Мејсон Гринвуд и неговиот скандал со семејно насилство, истото на Манчестер Јунајтед му се случува и со Бразилецот Антони, а процедурата кога станува збор за клупско ниво не се менува. Брзилецот е суспендиран, идентично како што своевремено беше и Гринвуд, и нема да биде дел од тимот се додека правно не се реши неговиот проблем.
Антони е обвинет дека физички ја злоставувал неговата девојка, во Брзил за што во неговата татковина е покрената постапка. Тој нормално негира се, идентично како што своевремено го направи и Гринвуд, кој по една година неиграње, и судски лавиринти беше ослобен од обвиненијата. Неговата кариера тргна во сосема погрешен правец што е и нормално, Манчестер Јунајтед речиси и да не сака да има ништо повеќе со него, а Гринвуд е позајмен на Гетафе.
Што ќе се случува со Антони ќе видиме во периодот кој следува. Тој е одстранет и од репрезентацијата на Бразил.