Финале на УС Опен – ќе се повтори ли 2021. или Ѓоковиќ ќе постави нов рекорд?

567

Вечерва (со почеток од 22:00 часот по македонско време) ќе се одигра финалето на престижниот УС Опен помеѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев. Со тоа ќе биде спуштена завесата на УС Опен и со тоа ќе биде означен крај на Гренд слем турнирите за 2023 година.

На едната страна ќе биде тенисерот кој продолжува да пишува историја, а на другата Русинот кој игра фантастично на американскиот бетон. Ѓоковиќ-Медведев е реприза на финалето од пред две години.

Тогаш Русинот победи со 3:0 и ја освои својата прва Гренд слем титула. Но популарниот „Медо“ не направи чекор понапред, туку остана на единствената титула од Гренд слем турнирите.

Ѓоковиќ сака да ја освои 24. Гренд слем титула и со тоа да ја зголеми предноста над Рафаел Надал (22) на врвот на најдобрите на сите времиња и воедно да му се одмазди на Медведев за тој пораз во финалето во 2021 година.

До ова финале Ѓоковиќ немаше проблеми со противниците, освен со сонародникот Ласло Ѓере, додека Медведев до финалето победуваше посилни противници меѓу кои и шпанскиот талент Карлос Алкараз.

Инаку ова ќе биде вкупно 15-ти меѓусебен дуел. Ѓоковиќ има девет победи, а Медведев пет.

Кај дамите трофејот замина во рацете на Коко Гауф која во финалето ја победи Арина Сабаленка со 2-1 во сетови 2-6, 6-3 и 6-2.

ПретходноФФМ до навивачите: Благодариме за вчерашниот спектакл
СледноМартин комплетираше двојна победа во Мизано