ФФМ до навивачите: Благодариме за вчерашниот спектакл

259

Предмалку, од страна на Фудбалската Федерација на Македонија беше упатена јавна благодарност до сите наввиачи кои вчера присуствуваа на квалификацискиот дуел помеѓу Македонија и Италија одигран на Арената Тодор Проески.

Официјалната бројка на присутни е 28.127 гледачи од кои според информациите на Спортспорт.мк, од нив продадени се 19.500.

Одамна немало ваква убава атмосфера на нашиот најголем стадион, а репрезентативците не наградија со лавовска борба и извојувано реми, 1:1 против големата фудбалска велесила.

Македонија ушт еднаш покажа дека и тоа како знае да си ги цени сопствените репрезебтативци и да им ја дава неопходната поддршка во секоја можна прилика. Секоја чест.

ПретходноКејн ја кажа разликата меѓу Тотенхем и Баерн и ги појасни причините за трансфер во Минхен
СледноФинале на УС Опен – ќе се повтори ли 2021. или Ѓоковиќ ќе постави нов рекорд?