Се чекаше да заврши финалето па да се избере и најдобриот кошаркар, односно МВП на Мундијалот. И сосема очекувано и оправдано таа титула отиде кај Денис Шрудер, репрезентативецот на Германија кој беше најзаслужен за првата и историска титула за Германците.
Покрај него ФИБА одбра уште четворица кои се најдоа во идеалната петорка или “ол-стар“ тимот на Мундијалот. Тоа се Богдан Богдановиќ (Србија), Лука Дончиќ (Словенија), Шај Гилџес –Александер (Канада) и Ентони Едвардс (САД).
Интересно, сите петтмина играат во НБА лигата.
И на крај да кажеме дека овој Мундијал заврши со Германија како светски првак, Србија со среброто, Канада со бронзата и САД како четврти.