Новак Ѓоковиќ и Данил Медевед вечерва (22 часот) ќе се сретнат во финалето на УС Опен.
Српскиот тенисер и со 36 години е најдобар во светот. Но, биолошкиот часовник си го прави своето, а Ноле пред финалето искрено зборуваше за повлекувањето од терените кое е неминовно.
„Па, да вистина е дека со 36 години секое Гренд слем финале може да биде последно. Ги ценам овие шанси, да освојам уште еден пехар многу повеќе од пред десет години кога се чувствував многу поинаку, бидејќи имав многу години пред мене.
Не знам на уште колку Гренд слемови ќе настапам во сезоната, па токму затоа сум свесен за овие шанси. Но, се ободувам на дуелот против Медведев да гледам како на сите други, да не размислувам на тоа, мојата цел е да победа“, вели Ноле и додава:
Знам дека ова ќе биде најтежок предизвик за мене, не само поради финалето, туку пред себе ќе имам противник од кого загубив на овој терен во 2021 година.
Двајцата сме во одлична форма, но ми се допаѓаат моите шанси“.
Новак Ѓоковиќ има 23 Гренд слем титули, вечерва оди по бројот 24.