Балканските медиуми: “Македонците повторно ги малтретираа Италијанците“, “Нов македонски кошмар ја потресе Италија“…

965

 

Македонија синоќа во Скопје, на полната Арена пред повеќе од 28.000 гледачи уште еднаш покжа дека знае да игра добар фудбал. Ремито со Италија од 1:1 е доказ за тоа, само да не заборавиме, Италија е актуелен европски првак.

Тоа реми, тој супер гол на Барди силно одекна како на Балканот така и во Европа и светот.

Па убаво ќе биде да видиме како медиумите на овие простори коментираа за ремито во Скопје.

Хрватски “Индекс“ излезе со наслов:

“Македонците со голчиште од слободен удар и земаа бод на Италија“. Овој портал се осврна и на извинувањето на Елмас за лошиот терен.

“Спортске Новости“ напишаа:

“Во Скопје се слави голем бод, со хируршки прецизен шут од слободен удар, херојот Барди и ја украде победата на Италија“.

И медиумите во БиХ посветија големо внимание на тие 1:1 од Скопје.

Читаниот “СпортСпорт.ба“ извести:

 “Македонија ја остави Италија без СП, а би можела и да ја остави и без ЕП“…освнувајќи се на перфектниот гол на Барди.

Се чини дека српскиот “Моцартспорт“ излезе со најдобар наслов: „Македонците повторно ги малтретираа Италијанците“…симпатично.

За разлика од нив “СпортКлуб“ беше крајно некоректен кога нашите фудбалери постојано ги нарекуваше Северно Македонци, па ова, па она. Затоа имаше и многу реакции од Македонија, дури се бара и петиција  овој спортски канал веќе да не се пренесува во Македонија.

И бугарските медиуми дадоа голем простор на одличната игра на Македонија и ремито со Италија.

Популарниот портал “Дспорт.бг“ излезе со убав наслов:

 “Нов македонски кошмар ја потресе Италија“

Секако дека и во светските медиуми една од главните вести вчера во за квалификациите за ЕВРО 2024 беше ремито во Скопје со нагласок на супер голот на Барди.

ПретходноОфицијално: Манчестер Јунајтед го суспендираше Антони
Следно“Лавовите“ слетаа на Малта: Елмас “нападнат“ од вработените на аеродромот, за селфи!