Италија да ја заборавиме, Малта да не запомни…. репрезентацијата тргна кон следниот квалификациски предизвик

289

Македонската репрезентација во овие моменти полетува за Малта, каде што на 12 септември, поторно во вторник го играме следниот квалификациски дуел. Многу важен за нас по големиот, огромниот бод освоен синоќа на Арената против Италија, во ремито 1:1.

Стрелецот, капитенот Енис Барди расположен, но и во исто време смирен како што е и вообичаено. Нема еуфорија, нема славење. Она што го започнавме синоќа мора да се дополни на Малта. Бодот против „Азурите“ е рамен на нула, без три против Малта.

Лесно? Нема лесно ништо. Затоа се тука искусните Александар Трајковски, Илија Несторовски, Дарко Велковски, за да „умртват“ секоја еуфорија. Малта мора да се добие, па потоа да видиме што и како понатаму во овие квалификации.

ПретходноМартин комплетираше двојна победа во Мизано
СледноДонарума: Еиии гол….. види ја бе влезе…..(ФОТО+ВИДЕО)