Кејн ја кажа разликата меѓу Тотенхем и Баерн и ги појасни причините за трансфер во Минхен

126

Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн детално ги објасни причините за трансферот од Тотенхем во Баерн во текот на летниот преоден рок. По деценија во својот матичен клуб Тотенхем, Кејн замина во Баерн.

Во Тотенхем стекна репутација еден од најдобрите напаѓачи на светот постави нови рекорди по број на голови за Англија, но и клубот од Северен Лондон, меѓутоа…

Борбата за трофеи е една од причините. Многу се зборува за трофеи и сакам  да ги освојувам. Но не е само тоа причината за мојот трансфер во Баерн. Чувствував дека треба да играм фудбал на највисоко ниво за да напредувам. Ако сакам да бидам меѓу најдобрите на светот, морам да играм во Лигата на шампионите. Минатата сезона беше одлична за мене на личен план, но не и за клубот“, изјави Кејн.

За разликата меѓу играњето за Тотенхем и за Баерн, тој истакна:

Во Баерн важи „мора да се победи“, а во Тотенхем е присутна „желба за победа “. Откако дојдов во Баерн постојано чувствувам притисок. Значи тука не е само желбата за победа, тука мора да се победи“.

 

ПретходноВерати ќе игра за Ал Араби, а Де Брујн и Левандовски ги одбија Арапите
СледноФФМ до навивачите: Благодариме за вчерашниот спектакл