Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски кариерата ќе ја продолжи во Полска. Според информациите на „СпортСпорт“, нов клуб на нашиот репрезентативен стопер ќе биде послкиот прволигаш Погон Шчечин.
Последен клуб на Велковски беше Ал Етифак во Саудиска Арабија од каде поради раскин на договорот си замина пред скоро еден месец. Тој во Скопје тренираше со екипата на Работнички, но следнава недела се очекува да биде комплетиран трансферот во Погон.
Екипата на Погон Шчечин оваа сезона во полската Екстракласа по почна со само две победи на шест одиграни средби.