Аларм на Малта! Столе на прегледи во Шпанија, Шишко утре почнува!

1901

СпортСпорт во Малта, Игор Д. Ивановски

 

Сепак сериозни се болките во половината кај Столе Димитриевски кој денеска ќе го напушти националниот тим и патува на лекарски прегледи во Шпанија со клубските доктори од Рајо Ваљекано. Нашиот чувар на мрежата на дуелот со Италија  имаше незгодна интервенција во 70 минута од средбата кога ногата му се заграви во лошиот терен и да спаси повреда на коленото имаше незгоден скок кон топката. Настрада половината, болките во кичмата се незгодни и во разговор со селекотот и репрезентативните доктори одлучено е Димитриевски да оди на прегледи во Шпанија. Тоа значи дека Шишковски утре ќе биде во стартниот состав на нашиот национален тим на остувањето на Малта.

Втората алтернатива која ја има селекторот Милевски за голманската позиција е Игор Алексовски. Поради повреда речиси е сигурно дека утре нема да настапи и Аријан Адеми.

ПретходноДимитриевски поради повреда нема да брани со Малта, Талевски дополнително повикан!
СледноСкок за Србљак од 39 места на АТП листата, Стоилковска напредуваше 33 позиции на ВТА!