Од денеска и официјално Новак Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП листата. Српскиот тенисер славеше во финалето на УС Опен и сега има убедлива предност пред Карлос Алкараз.
Ноле има 11.795 бода, речиси 3.000 пред младиот шпански тенисер, кој е на второто место. По Алкараз следат Данил Медевед, Холгер Руне, Цицпас, Рубље, Синкер, Фритц, Руд и Зверев.
Она што паѓа во очи на АТП листата е позицијата на која се најде Рафаел Надал. Шпанецот забележа пад од 100 места и сега е 239. во светот.