СпортСпорт во Малта, Игор Д. Ивановски
И официјално и дефинитивно, Столе Димитриевски нема да брани утре на дуелот со Малта, во меч од квалификациите за ЕВРО 2024. Повредата заработена поради лошиот терен на Арената на мечот со Италија, се покажа како кобна, па така дополнително е повикан Давор Талевски, а утре меѓу стативите ќе застане Дамјан Шишковски, одличниот голман на Докса од Кипар.
Интересно, од сите страни му се дава поддршка на Шишко, кој секако дека ќе си ја одработи својата работа на најдобар можен начин, во тоа никој не се сомнева.
Шишковски досега покажа дека има квалитет и тоа каков, има доволно искуство, има и 9 настапи за нашата најдобра репрезентација. Селекторот Милевски не треба воопшто да се грижи, тој многу добро ги познава квалитетите на Дамјан уште откако беа заедно во младата репрезентација на ЕВРО 2017 за селекции до 21. Година.
Инаку колка во е пријателството, другаството, меѓу нашите репрезентативни голмани и говори и следниот факт. Откако „СпортСпорт“ напиша – „Аларм на Малта“, а во текстот стои дека алармот е поради повредата на Столе а не поради тоа дека ние се сомневаме во квалитетите на Шишко, на ФБ профилот на „СпортСпорт“ се јави и Дени Илиев. Исто така наш репрезентативен голман и член на Хелсинки, кој моментално е повреден.
Дени напиша: „Шишко ќе ја заврши работата во најдобро светло“ давајќи му ја со тоа својата поддршка на Дамјан.
Ете тоа е македонската репрезентација, ете такви се нашите најдобри голмани.
Така и треба. Браво….