Димитриевски поради повреда нема да брани со Малта, Талевски дополнително повикан!

370

„СпортСпорт“ во Малта, Игор Д. Ивановски

И официјално Столе Димитриевски, нашиот најдобар голман нема утре да биде меѓу стативите на мечот со Малта. Тој се здоби со повреда на дуелот со Италија па така отпадна од комбинација. Токму затоа селекторот Благоја Милевски испрати дополнителен повик за Давор Талевски. Голманот на Шкендија е веќе на Малта и тој ќе биде на тренингот заедно со останатите фудбалери, кој започнува во 19 часот.

ПретходноЃоко Зајков: Против Малта ќе треба да нападнеме со сите сили!
СледноАларм на Малта! Столе на прегледи во Шпанија, Шишко утре почнува!