ЕХФ денеска ја обелодени одлуката за истрагата против Драган Начевски, Македонецот кој долго време и успешно ја извршуваше функцијата – прв човек на Судиската комисија на ЕХФ. Според ова Начевски е суспендиран во траење од две години во вршење на билокаква функција и плус е парично казнет, но поради непријавување на мито, а не поради своја инволвираноство нешто нечесно.
„Судот на ракометот на ЕХФ го суспендираше Начевски од вршење набило каква функција во ЕХФ во наредните две години, од денот на одлуката. Покрај тоа, Драган Начевски ќе плати 5.000 евра за прекршување на фундаменталните обврски наведени во Правилникот на ЕХФ и ЕХФ Кодексот на натпреварување“, се вели во одлуката на ЕХФ“.
Инаку познато е дека Начевски беше под истрага по видео снимките кои беа објавени од стран на една данска ТВ. Во таа снимка убаво се гледа дека Начевски ја одбива понудата, но сепак ЕФХ се реши да го суспендира.