Американскиот „дрим тим“ во полн состав на ОИ – Леброн, Кари и Дурент напаѓаат медал

718

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави ќе игра во далеку посилен состав на Олимписките игри во Париз отколку на завршницата на Мундобаскетот затоа што во тимот враќање најавиле Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент, тврди порталот „Атлетик“.

Како што пишува порталот, Американците по уште еден неуспех на СП сакаат по секоја цена да го одбранат олимпиското злато кое го освоија пред две години во Токио. Селекторот Стив Кер ќе има на располагање многу посилен тим од оној на Мундобаскетот.

Леброн Џејмс, двојниот олимписки шампион и троен учесник на ОИ, дал позитивен одговор на селекторот Кер, а во државниот тим би се приклучиле Стеф Кари, Кевин Дурент, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин.

Исто така, според изворот, блиску до одлука да играат за САД во Париз се и Девин Букер, Демиен Лилард, Кајри Ирвинг и Деарон Фокс.

ПретходноФантастичен Митревски – одбрани 17 удари на противникот!
СледноФранција е полуфиналист на одбојкарското ЕП