Бомбата на Енис Барди со Италија го врати надежите во националниот тим. Неговиот прекрасен гол ни донесе голем бод со Италија (1:1), во меч на кој Барди дебитираше како капитен на репрезентацијата. Околу 30.000 навивачи на нашиот најголем стадиони тие кои го следеа мечот покрај ТВ екраните беа воодушевени од потегот на капитенот. Енис Барди пред дуелот со Малта најавува внимателност, но и меч на кој мора да се освојат трите бода:
„Многу среќен сум за постигнатиот гол, но пресреќен сум од комплетната борба на тимот во сите 90 минути. Бевме заедно, игравме заедно но тоа е минато, малку денови за одмор и анализи. Да, мислиме на Малта, мора да ја заборавиме Италија“.
Дали атмосферата по Италија е на посакуваното ниво и како да се победи Малта?
„На секој натпревар треба да играме максимално, а дуелот со Италија да ни биде пример. Секој позитивен резултат ни дава радосни моменти во кои сите уживаме. Свесни сме за утре. Да сме со ладни глави и да влеземе во натпреварот максимално подготвени“.
За улогата на теренот, Барди додаде:
„Секогаш тренерот одлучува дали ќе играм офанзивно или дефанзивно. Секогаш кога е потребно јас сум подготвен да одиграм максимално на било која позиција ќе ја добијам“.
Македонија против Малта утревечер (20.45 ч.) на гостински терен ќе го одиграа петтиот меч во овие квалификации и ќе ја брка втората победа.