Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ објави дека македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас летово имал две понуди за да си замине од Наполи. Според информациите на изданието, за услугите на Елмас сериозно бил заинтересиран Ливерпул, а во игра влегол и германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг.
И двата тима наводно доставиле свои понуди во канделаријата на Наполи. Според „Кориере“ станува збор за две идентични понуди во висина од 30 милиони евра. Првиот човек на наполи веднаш ги одбил, затоа што сакаше да го задржи Елмас во својот тим и оваа сезона.