Леброн ќе ги предводи САД на ЛОИ во Париз 2024!?

199

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, ќе игра за САД на Олимписките игри во Париз следната година.

Како што пренесува „Атлетик“, Џејмс ќе го предводи тимот на Соединетите Американски Држави на Игрите во Франција, а во него се очекува да бидат и Стеф Кари и Кевин Дурант, кои исто така се подготвени да ги бранат боите на американската репрезентација.

НБА ѕвездата последен пат играше за САД на Олимпијадата во Лондон во 2012 година, а сега е подготвена следното лето да и го посвети на репрезентацијата.

Според „Атлетик“, тој ги повикал сите други најдобри кошаркари на САД да му се приклучат на националниот тим. Леброн наводно веќе разговарал со Кари, Дурент, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин и сите се подготвени да играат во Париз.

Американската репрезентација не успеа да слави на последните две Светски првенства, но затоа освоија четири последователни златни медали на Олимписките игри.

ПретходноУште ова му фалеше: Погба позитивен на допинг тест!
СледноМилевски: Малта е опасна, но за нас ова е најважниот меч!